Burak Bir
14 Септември 2026•Ажурирано: 14 Септември 2026
Првата министерка на Северна Ирска денес рече дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за „обединување на Ирска“ покажуваат оти таа идеја е актуелна, пренесува Анадолу.
„Мислам дека тоа го одразува фактот дека во самата Ирска се води сè поинтензивна дебата за уставни промени“, изјави Мишел О’Нил во интервјуто за „Скај њуз“.
Осврнувајќи се на изјавите на Трамп дадени за време на викендот, таа рече дека тоа се гледа и во коментарите што можеле да се слушнат изминатите денови.
Во неделата американскиот претседател изјави дека интегрирањето на Ирска и Северна Ирска претставува „еден од најприродните потези на сите времиња“, сугерирајќи дека историските поделби треба да се надминат.
Овој коментар следува еден ден по неговата изјава за ова прашање дадена во саботата, додека престојуваше во Ирска, кога рече дека би сакал да види обединета Ирска.
О’Нил истакна дека претстојната средба на претставници на Шин Фејн, Плаид Кимру и СНП покажува дека дошло до „целосна промена на динамиката“ и дека „целокупниот политички пејзаж значително се менува“.
Лидерите на националистичките партии од Шкотска, Северна Ирска и Велс треба да се сретнат во Кардиф подоцна во текот на денот.
Претходно премиерот Енди Бурнам ја отфрли можноста за распишување референдум за обединување на Ирска, оценувајќи дека таа опција „не е на дневен ред“.