Fatma Zehra Solmaz
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
Министерството за надворешни работи на Турција денес најостро ги осуди израелските напади врз сириските провинции Кунејтра и Дара, истакнувајќи дека тие го нарушуваат територијалниот интегритет, единството и суверенитетот на Сирија, јавува Анадолу.
Во соопштението споделено на турската платформа за социјални медиуми „НСосјал“, Министерството наведе дека нападите претставуваат и јасно прекршување на меѓународното право и на Договорот за раздвојување од 1974 година.
„Најостро ги осудуваме нападите на Израел врз Кунејтра и Дара, кои го нарушуваат територијалниот интегритет, единството и суверенитетот на Сирија. Овие напади, кои не ја земаат предвид безбедноста на сирискиот народ и нивниот имот, и дополнително ги влошуваат животите на цивилите во регионот, претставуваат јасно прекршување на меѓународното право и на Договорот за раздвојување од 1974 година“, се наведува во соопштението.
Министерството, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги исполни своите одговорности со цел да се запрат нападите што го попречуваат напредокот на Сирија постигнат од декември 2024 година и што ја поткопуваат регионалната стабилност.