- Додека топлотниот бран продолжува да влијае врз секојдневниот живот во многу земји од регионот, властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат подолго изложување на сонце во најтоплите часови од денот
Dzihat Aliju
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
photo: Umeys Sulejman / AA
СКОПЈЕ
Топлотниот бран што зафати голем дел од Европа ги погоди и земјите од Балканот, јавува Анадолу.
Додека топлотниот бран продолжува да влијае врз секојдневниот живот во многу земји од регионот, властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат подолго изложување на сонце во најтоплите часови од денот.
Надлежните институции на земјите ги предупредија лицата со хронични заболувања, постарите лица и децата да избегнуваат изложување на сонце, да консумираат што е можно повеќе течности и да ги ограничат физичките активности на отворено.
Фотографија : Umeys Sulejman/AA
Температурите во земјите од регионот достигнуваат до 40 степени Целзиусови.
Граѓаните и туристите, поради високите температури, се разладуваат на фонтаните, реките и на местата со сенка.
Некои консумираат вода и ладни пијалаци, други носат чадори за да се заштитат од сончевите зраци.
Во Скопје, дел од граѓаните ги разладуваа нозете во реката Вардар поради високите температури.
Во Тирана, главниот град на Албанија, на плоштадот „Скендербег“, граѓаните се разладуваа на фонтаните.
Во Приштина, главниот град на Косово, граѓаните се обидуваа да се заштитат од жештините со чадори и да се разладат со ладни пијалаци.