İlayda Çakırtekin
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес го повтори својот повик за посилна Европа и Канада во рамките на Алијансата, нагласувајќи ја потребата од порамноправна распределба на одговорностите, јавува Анадолу.
За време на заедничкиот брифинг за медиумите со американскиот заменик-министер за одбранбена политика, Елбриџ Колби, Руте го посочи терминот „НАТО 3.0“ и повика на посилна Европа и Канада „во посилно НАТО“.
„Разговаравме за апсолутната потреба Европа да преземе поголема одговорност, а истото тоа да го направи и Канада во рамките на НАТО, како и за поискрено и поправедно споделување на обврските и активностите во НАТО со Соединетите Американски Држави“, изјави Руте.
Колби, од своја страна, го посочи напредокот постигнат во Европа, велејќи: „Всушност, водиме еден вид отворен разговор за тоа како да продолжиме заедно напред во свет во кој Европа... може и презема примарна одговорност за сопствената конвенционална одбрана“.
Тој дополнително ја потврди посветеноста на САД кон НАТО и кон Европа, која „останува клучен интерес на Соединетите Американски Држави“.
„Духот со кој доаѓаме е очигледно еден, на консултација, на ангажман“, рече тој исто така.