Riyaz Khaliq Khaliq
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Бројот на новороденчиња во Јапонија се зголемил во првата половина на 2026 година, што е прво зголемување во овој период во последните 11 години, покажаа податоците објавени денес, пренесува Анадолу.
Бројот на раѓања од јануари до јуни се зголемил за 0,8 проценти во однос на истиот период минатата година, на 342.068, објави агенцијата Кјодо, повикувајќи се на Министерството за здравство.
Умереното зголемување уследи по долготрајниот надолен тренд што започна по 2015 година.
И покрај зголемувањето во прелиминарните податоци, Јапонија и понатаму се соочува со демографска криза предизвикана од брзото стареење на населението и долгорочниот пад на стапката на наталитет.
Вкупното население на Јапонија, вклучително и странските жители, изнесувало 123,7 милиони, што е намалување за околу 563.000 во однос на претходната година.
Бројот на јапонски државјани за првпат по повеќе од четири децении падна под 120 милиони, намалувајќи се за 917.000, на 119.736.483.
Годишниот пад е најголем откако се водат статистички податоци, од 1968 година.
Природниот пад на населението во земјата се зголемил, бидејќи бројот на смртни случаи и понатаму значително го надминува бројот на раѓања, со околу 1,59 милиони смртни случаи наспроти приближно 670.000 раѓања.
Во меѓувреме, бројот на регистрирани странски жители се зголемил за 354.000, на рекордни 4 милиони, што помага во ублажувањето на хроничниот недостиг на работна сила.
Властитге продолжуваат да ги прошируваат детските додатоци и програмите за поддршка на семејствата во напорите за справување со намалувањето на домашната работна сила.