Lina Altawell
27 Ноември 2026•Ажурирано: 27 Ноември 2026
Двајца војници на сириската армија загинаа денес во напад извршен од непознати напаѓачи во јужната покраина Дара, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Анадолу.
Војниците загинале на патот Ал-Кунија – Ал-Санамајн, во руралниот дел на Северна Дара, објави сириската телевизија Ал-Ихбарија, повикувајќи се на Министерството.
Не се објавени дополнителни детали за околностите на нападот ниту, пак, за идентитетот на сторителите.