Стари теписи, нов живот: Мајсторот Суат ги зачувува традицијата и спомените
- „Кај нас пристигнуваат теписи за реставрација од странство. Доаѓаат од САД, Франција и Германија. Луѓето некогаш ги купиле теписите од овде и ги однеле во своите земји...“
Aynur Altunışık
31 Јули 2026•Ажурирано: 31 Јули 2026
photo: Aynur Altunışık / AA
АКСАРАЈ
Суат Сари, кој се занимава со реставрација на стари теписи во турскиот град Аксарај, ги обновува теписите со материјална и духовна вредност што пристигнуваат од Турција и од странство, реставрирајќи ги во нивната изворна форма и повторно враќајќи ги во употреба, пишува Анадолу.
Сари по завршувањето на основното училиште започнал да работи како чирак во работилница за ткаење теписи со цел да изучи занает.
Со текот на времето станал мајстор во професијата што ја засакал, а 58-годишниот татко на пет деца работел во повеќе турски градови.
Фотографија : Aynur Altunışık/AA
Благодарение на долгогодишното искуство, Сари стекнал големо знаење во реставрацијата на историските теписи, а денес со љубов ја продолжува својата работа во работилницата во Аксарај.
– „Голема среќа е што придонесуваме историските теписи да стигнат до денешницата“ –
Сари за АА изјави дека реставрацијата на теписи е истовремено и убав и многу тежок занает.
Тој нагласи дека оваа професија бара долгогодишна обука и трпение и дека не секој може да ја работи.
Посочувајќи дека младите не покажуваат интерес за овој занает, Сари рече дека тие се меѓу последните мајстори што го практикуваат.
Фотографија : Aynur Altunışık/AA
Сари рече дека традицијата на ткаење теписи трае со години и дека рачно ткаените теписи се зачувале до денес.
„Кај нас пристигнуваат теписи за реставрација од странство. Доаѓаат од САД, Франција и Германија. Луѓето некогаш ги купиле теписите од овде и ги однеле во своите земји. Сега повторно ги носат кај нас за одржување и перење. Луѓето ги претпочитаат историските теписи“, вели тој.
Зборувајќи за тоа дека неговата професија го враќа во минатото, Сари рече:
„Најомилениот дел од мојата работа е што, додека го обновувам тепихот, се враќам во старите времиња. Гледам како бил изработен и размислувам за минатото. По долгогодишна прецизна работа ми се наруши видот. Но, за нас е голема среќа што придонесуваме историските теписи да стигнат до денешницата.“
Сари додаде дека ќе продолжи да го работи својот занает сè додека му дозволува здравјето.
Стари теписи, нов живот: Мајсторот Суат ги зачувува традицијата и спомените