Stipe Majic
29 Септември 2026•Ажурирано: 29 Септември 2026
Штрајкот на вработените во Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) и Загрепски холдинг доведе до целосен прекин на јавниот превоз и до сериозни тешкотии во собирањето на отпадот во хрватскиот главен град, јавува Анадолу.
Вработените во ЗЕТ стапија во штрајк вчера 3:30 часот наутро, што предизвика прекин на трамвајскиот и автобускиот сообраќај во главниот и најголем град во Хрватска.
Поради штрајкот, трамваите и автобусите на ЗЕТ не сообраќаат низ Загреб, а на градските улици и на постојките се забележува метеж поради прекинот на јавниот превоз.
Штрајкот беше организиран од синдикатите на вработените во ЗЕТ, како и од синдикалните претставници на „Чистоќа“, која во моментов врши само минимално неопходно собирање отпад на локации, како што се болници и градинки.
Деталите за нивните барања и за натамошниот тек на штрајкот зависат од преговорите меѓу претставниците на работниците и надлежните институции; во моментов се очекува судска одлука за законитоста на штрајкот.
Синдикалните претставници бараат зголемување на платите, иако просечната плата на возач во ЗЕТ изнесува 1.992 евра, а вработените во „Чистоќа“ заработуваат во просек 1.651 евро.
Беа избегнати големи сообраќајни проблеми бидејќи граѓаните се организираа сами на сопствена иницијатива и како одговор на повикот на градоначалникот.
За време на штрајкот во градот сообраќаат само два трамваја и еден автобус.