Esra Tekin
04 Август 2026•Ажурирано: 04 Август 2026
Турција денес изрази „сериозна загриженост“ поради нападите врз цивилни бродови во Црното Море, соопшти турското Министерство за надворешни работи, откако турските цивилни бродови „Јашар“ и „Надежда“ беа нападнати со беспилотни летала при испловување од пристаништето Новоросијск синоќа, јавува Анадолу.
Во нападите беа повредени повеќе членови на екипажот, меѓу кои и турски државјани,
„Сериозно сме загрижени што, и покрај сите наши предупредувања, војната меѓу Русија и Украина сè повеќе се проширува во Црното Море на начин што ги погодува и цивилните бродови“, се наведува во соопштението на Министерството.
Министерството ги повика сите страни во Црното Море да „преземат конкретни мерки“ за обезбедување на непречено пловење.
„Доколку не се преземат превентивни мерки, ескалацијата во Црното Море ќе има повеќедимензионални негативни последици, вклучително и врз безбедноста на снабдувањето со храна“, се додава во соопштението.
„Безбедноста и сигурноста на нашите граѓани се наш највисок приоритет и нивната состојба внимателно се следи“, се наведува уште во соопштението.