Ahmad Adil
04 Август 2026•Ажурирано: 04 Август 2026
Бројот на загинати во поплавите во јужната индиска држава Керала се искачи на 20, јави денес државната телевизија Дурдаршан њуз, пренесува Анадолу.
Според наводите, околу 11.500 луѓе се евакуирани во прифатни центри, а спасувачките и хуманитарните операции продолжуваат низ целата држава.
Премиерот на Керала, В. Д. Сатисан, на американската платформа за социјални медиуми Х соопшти дека ги посетил центрите за згрижување во подрачјата погодени од обилни дождови.
„Заедно ќе ја надминеме оваа криза“, порача тој.
Во друга објава на Х, Сатисан најави дека „ќе биде поведена строга законска постапка против сите што шират лажни вести на социјалните мрежи, со цел да предизвикаат непотребна паника кај јавноста“.
Индија секоја година се соочува со обилни монсунски дождови, најчесто во периодот од јуни до септември, кои често предизвикуваат поплави и големи материјални штети.