Şeyma Erkul Dayanç
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Турција ги ослободи од обврската за поседување виза сириските државјани со дипломатски пасоши, според претседателска одлука објавена денес во Службен весник, пренесува Анадолу.
Ослободувањето од визи се однесува и на туристички престои до 90 дена во период од 180 дена, како и на транзитно патување низ Турција.
Одлуката, која на 27 август ја потпиша претседателот Реџеп Таип Ердоган, е донесена врз основа на член 18 од турскиот Закон бр. 6458 за странци и меѓународна заштита.