Seyit Şamil Kurt
28 Септември 2026•Ажурирано: 28 Септември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со индонезискиот колега Прабово Субјанто за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, соопшти денес Директоратот за комуникации на Турција, јавува Анадолу.
За време на разговорот Ердоган изрази задоволство од солидарноста меѓу двете земји на меѓународните платформи, оценувајќи дека продолжувањето на оваа соработка ќе биде од корист за Турција и Индонезија.
Тој ја истакна важноста од проширување на соработката во различни области, особено во трговијата и одбранбената индустрија, и рече дека двете земји ќе продолжат да преземаат чекори во таа насока.
Ердоган, исто така, го покани Субјанто да присуствува на Лидерскиот самит на КОП31, кој во ноември ќе се одржи во Анталија, Турција.