Merve Berker
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер се сретна со унгарскиот колега Ромулус Русин-Сенди во Анкара, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Анадолу.
Ѓулер го пречека Русин-Сенди, кој престојуваше во Анкара на негова покана, со воена церемонија во седиштето на Министерството, се наведува во објавата на турската платформа за социјални медиуми НСосјал.
По интонирањето на националните химни на двете земји, Русин-Сенди ја поздрави почесната гарда.
По церемонијата, двајцата официјални претставници одржаа разговори зад затворени врати.
Не беа објавени дополнителни детали за средбата.