Венгер по поразот од Sheffeld Wednesday: Нагло порасна нивото на ангиската Втора лига
Sheffield Wednesday, кој е моментално деветопласиран тим во Втората лига на Англија, синоќа го совлада Арсенал
????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирано: 31 Октомври 2015
Лондон
Тренерот на Аrsenal, Arsene Wenger, пофално зборуваше за квалитетот на Championship, односно англиската Втора лига, откако неговиот тим беше елиминиран од Лига Купот од Sheffield Wednesdaya со резултат 3:0, пренесува Anadolu Agency (AA).
Sheffield Wednesday, кој е моментално деветопласиран тим во Втората лига на Англија, синоќа го совлада Арсенал.
Wenger, после поразот , изјави дека сега многу повеќе ќе им се посвети на другите натпревари.
“Кога се би било идеално, секако дека би сакал да победивме. Факт е дека со тоа сега ќе може да се концентрираме на преостанатите натпревари, но не сакам да го користам тоа како изговор” , изјави Wenger.
Тој нагласи дека се повеќе одлични фудбалери има во Втората лига.
“Како што кажав и пред натпреварот, поради големиот број на странски играчи кои играат во Премиер лигара имате се повеќе и повеќе добри поединци кои настапуваат во Championship-от, поради што е се потешко да се настапува со помладите состави против нив. Нивото на играта нагло порасна, па само искуството веќе не е доволно да се поведува на вакви натпревари", изјави Wenger.