Muhammed Yasin Güngör
01 Јули 2026•Ажурирано: 01 Јули 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека процесот на денуклеаризација на Иран „добро напредува“, додека во Катар се водат преговори, јавува Анадолу.
„Одржани се многу конструктивни состаноци“, изјави Трамп пред новинарите, осврнувајќи се на своите специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои во моментов се во Доха.
Трамп ги отфрли стравувањата од можно враќање кон војна од големи размери, истакнувајќи дека Иран досега постигнал значителен напредок.
Американскиот претседател напомена дека и покрај тоа што војската изврши силни удари минатата недела, тој верува дека дипломатскиот процес е ефикасен.
„Во моментов имаме мошне добра соработка“, изјави тој.