Amir Latif Arain
27 Јули 2026•Ажурирано: 27 Јули 2026
Кина денеска ги повика САД да престанат со „клеветењето“ на кинеските компании за вештачка интелигенција (ВИ) и со заканите за санкции кон нив, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Портпаролот на кинеското Министерство за трговија изјави дека таквите постапки немаат фактичка и правна основа и претставуваат „типична форма на хегемонија во областа на вештачката интелигенција“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Американските официјални претставници во средата ја обвинија кинеската лабораторија за вештачка интелигенција „Муншот“ дека го дестилирала својот модел „Кими К3“ од напредниот модел „Фејбл 5“ на „Антропик“, што го натера министерот за финансии Скот Бесент да предупреди за потенцијални санкции.
Најновиот спор доаѓа во време на сè поинтензивно ривалство меѓу САД и Кина во областа на вештачката интелигенција, при што двете земји сè повеќе ја гледаат напредната вештачка интелигенција како стратегиско средство и безбедносен проблем.