Gizem Nisa Çebi Demir
21 Септември 2026•Ажурирано: 21 Септември 2026
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека пресретнала и уништила американски воен дрон MQ-1 над Ормускиот Теснец, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу.
ИРГЦ наведе дека дронот бил соборен со нов напреден воздушно-космички систем за противвоздушна одбрана, дел од интегрираната иранска мрежа за противвоздушна одбрана, објави Мехр.
Иранската сила тврди дека Вашингтон повторно го ставил MQ-1 во употреба откако претрпел големи загуби во флотата MQ-9.
Според ИРГЦ, MQ-1, познат како „Ѕверот од Кандахар“ по околу 20.000 часа летање над Авганистан, бил повлечен од употреба и заменет со MQ-9.
ИРГЦ тврди дека по уништувањето на голем дел од флотата MQ-9, САД биле принудени повторно да го користат овој тип дрон.