Lina Altawell
02 Октомври 2026•Ажурирано: 02 Октомври 2026
Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Анвар Гаргаш, денес го опиша инцидентот на летот на „ФлајДубаи“ од Дубаи до Тел Авив како „терористички чин“, пофалувајќи го капетанот за неговите постапки за време на вонредната состојба, јавува Анадолу.
„Индискиот капетан Смит Мачхар заслужува секаква благодарност“, порача Гаргаш преку американската платформа на социјални медиуми X, опишувајќи го како „вистински херој“.
„Соочувајќи се со сериозен терористички чин и потенцијална катастрофа, тој го отелотвори вистинското значење на храброста и одговорноста“, рече Гаргаш.
Тој, исто така, го пофали професионализмот на пилотот и „моралното чувство во најтемните околности“.
Летот FZ1073 на „ФлајДубаи“, со 174 патници од Дубаи до Тел Авив, доби дозвола за итно слетување во средата на Меѓународниот аеродром „Принц Султан бин Абдулазиз“ во Табук, Саудиска Арабија.
„ФлајДубаи“ претходно соопшти дека „се случила расправија во пилотската кабина“ и дека членовите на екипажот го обезбедиле авионот пред безбедно да се пренасочи кон Саудиска Арабија.
Службениците на аеродромот изјавија дека капетанот и првиот офицер се повредени и однесени во болница по инцидентот.
Сите патници и членови на екипажот беа пријавени како безбедни.