Melike Pala
07 Октомври 2026•Ажурирано: 07 Октомври 2026
Полицијата во белгискиот град Лиеж привела 107 лица за време на ученичките протести од почетокот на октомври, соопштија денес локалните власти, пренесува Анадолу.
Полицијата соопшти дека меѓу приведените имало 80 лица во административен притвор и 27 лица по судска одлука, пренесе новинската агенција Белга
Само вчера полицијата привела 53 лица, од кои 46 во административен притвор и седум по судска одлука откако млади луѓе се собрале на улиците околу Универзитетот во Лиеж.
Според полицијата, некои демонстранти оштетиле имот и предизвикале пожари.
Средношколци и студенти од франкофонскиот образовен систем во Белгија веќе неколку дена протестираат поради зголемените трошоци во високото образование и билетите за јавен превоз, како и поради недостигот на места во некои паралелки, преоптоварените распореди и тешкотиите при набавка на наставни материјали.
Денес ученици мирно се собраа пред училиштето „Атене Леони де Ваха“ во Лиеж, објавија локалните медиуми.
Се очекува протестите да продолжат во текот на целиот ден.
Протестите во Белгија започнаа откако средношколците во Франција веќе неколку дена го блокираат пристапот до нивните училишта и протестираат пред нив, барајќи подобри услови за учење.