Berk Kutay Gökmen
20 Ноември 2026•Ажурирано: 20 Ноември 2026
Американски воен стелт-авион Ф-35Б денес принудно слета на аеродромот Кочи во западна Јапонија, објави новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на локалните власти, пренесува Анадолу.
Според Владата на префектурата Кочи, нема повредени лица.
Причината за непланираното слетување засега не е соопштена.
Во март 2025 година, друг американски борбен авион Ф-35Б, стациониран во воздухопловната база Ивакуни во западна Јапонија, принудно слета на истиот аеродром.
Авионот остана на аеродромот Кочи повеќе од 40 дена поради поправки и одржување.
Врз основа на договорот за заемна одбрана, САД во Јапонија имаат распоредено повеќе од 50.000 воени лица, како и оружје, опрема и воени бази.