Sümeyye Dilara Dinçer
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе потпишат трилатерален договор за заедничка одбрана, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносни извори, Турција, Саудиска Арабија и Пакистан денес во Саудиска Арабија ќе потпишат договор за заедничка одбрана.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово отпатува за Саудиска Арабија во еднодневна работна посета.
Додека Пакистан посредуваше во напорите за ставање крај на војната меѓу САД и Иран, Турција одигра активна дипломатска улога во напорите за постигнување прекин на огнот во Газа.
Пакистан и Саудиска Арабија во септември минатата година потпишаа Договор за стратегиска меѓусебна одбрана.