Gizem Nisa Çebi Demir
09 Октомври 2026•Ажурирано: 09 Октомври 2026
Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека Белата куќа го смета за „непријател“ секој што го користи терминот „вештачка интелигенција“ наместо „суперинтелигенција“, со што ги засили напорите на неговата администрација за преименување на оваа технологија, јавува Анадолу.
„Белата куќа, секој што го користи терминот 'вештачка интелигенција' наместо широко прифатениот нов и попрецизен термин 'суперинтелигенција', го смета за НЕПРИЈАТЕЛ! Претседателот ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп во објавата на платформата Трут соушал.
Трамп ја официјализираше промената на терминологијата преку извршна наредба на 29 септември, со која им наложи на федералните оддели и агенции да ги користат термините „суперинтелигенција“ и „СИ“ наместо „вештачка интелигенција“„ВИ“ (АИ) во официјалната кореспонденција, јавните комуникации, веб-страниците, извештаите, документите за политики и другите документи што не се законски акти, во онаа мера во која тоа го дозволува законот.
Наредбата, исто така, му наложува на советникот за наука и технологија на Белата куќа во рок од 60 дена да поднесе предлог-текст за законска одредба со која ќе се утврди федерална дефиниција. Предлогот мора да процени дали новата дефиниција треба да ја измени, прошири или замени постојната законска дефиниција.
Покрај тоа, Трамп формираше Сили за суперинтелигенција за да го координира пристапот на федералната влада кон оваа технологија.
Групата ја предводи директорот за национално разузнавање Џеј Клејтон, а во неа членуваат и претседателот на Федералната трговска комисија, Ендрју Фергусон, главниот технолошки директор на Пентагон, Емил Мајкл и директорот на Канцеларијата за управување со персонал, Скот Купор.