Admir Fazlagic
28 Мај 2016•Ажурирано: 29 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против лицето Д.С. (30) од Врање, Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на МВР во реоног на село Удово, општина Валандово, полициски службении пронашле 24 мигранти во товарно моторно возило.
„На 18.05.2016 година, во реонот на с.Удово, полициски службеници пронашле 24 лица-мигранти во ТМВ „Фиат дукато“, управувано од пријавениот. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена", соопшти МВР.