До денес речиси 200.000 имигранти влегле во Словенија
Словенија со подигањето оградата на делови од границат со Хрватската се обиде да го намали приливот на бегалци од Азија и Африка, но досега не успеа во тоа.
?????
13 Ноември 2015•Ажурирано: 14 Ноември 2015
Љубљана
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечката полиција соопшти дека од средината на октомври до денеска, влегле речиси 200.000 имигранти во нивната земја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Словенија со подигање ограда на делови од границата со Хрватската се обиде да го намали приливот на бегалци од Азија и Африка, пренасочувајќи го нивното движење, но досега во тоа не успеа.
Во текот на четвртокот и утринските часови денес во Словенија пристигнале околу 12.000, со што вкупниот број на емигранти кои пристигнале се искачи на 196.453. Истовремено утринава 178.843 ја преминале границата со Австрија, каде што го продолжуваат својот пат кон Западна Европа.
Подигањето на оградата од страна на словенечките власти доведе до заострување на односите со своите соседи.
Од хрватската тврдат дека оградата на одредени места ја преминува нивната територија, додека пак Словенија таквите обвинувања ги негира.
Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска објавено е дека во оваа земја од 16-ти до денес во 10 часот од Србија влегле во 370.077 мигранти.
До денес речиси 200.000 имигранти влегле во Словенија