Beril Çanakcı
21 Септември 2026•Ажурирано: 21 Септември 2026
Пресли Гербер, 27-годишниот син на американскиот супермодел Синди Крафорд, почина, објави магазинот за познати личности „Ти-ем-зи“, пренесува Анадолу.
Според Канцеларијата на медицинскиот вештак на округот Лос Анџелес, Гербер починал вчера во установа за рехабилитација. Обдукцијата сè уште не била завршена, а причината за смртта сè уште не е соопштена.
Али Џенкинс, претставничка на Крафорд и таткото на Гербер, бизнисменот Ренди Гербер, ја потврди неговата смрт за „Ти-ем-зи“ и соопшти дека семејството бара приватност во, како што го опиша, „многу тешкиот и болен период“.
Гербер е единствениот син на Крафорд и Ренди Гербер и постар брат на манекенката и актерка Каја Гербер. Тој почнува да се занимава со манекенство како тинејџер, откако на 15-годишна возраст потпиша договор со агенцијата ИМГ Моделс, а подоцна учествува во кампањи и ревии на брендови како „Келвин Клајн“ и „Долче и Габана“.
Гербер беше приведен под сомнение за управување возило под дејство на алкохол во Калифорнија во јануари 2019 година. Подоцна е осуден на три години условна казна, програма за лица осудени за возење под дејство и два дена општествено корисна работа, според „Ти-ем-зи“.