Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Турција

Фахретин Алтун повика на глобална борба против терористичката организација ФЕТО

Во обраќањето на Симпозиумот за меѓународна борба против ФЕТО, во Анкара, Алтун рече дека поддршката и бранењето на терористичка организација „само ќе го разгори огнот на глобалниот тероризам“
Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
12 Април 2023•Ажурирано: 13 Април 2023
Фахретин Алтун повика на глобална борба против терористичката организација ФЕТО

АНКАРА (АА) – Шефот на Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакнувајќи дека терористичката организација ФЕТО е „глобална терористичка организација“, повика на глобална борба против неа, јавува Анадолу.

Говорејќи на Симпозиумот за меѓународна борба против ФЕТО, во Анкара, Алтун рече дека поддршката и бранењето на терористичка организација „само ќе го разгори огнот на глобалниот тероризам“.

„Денес гледаме дека ФЕТО е земена под крилата на Западот, исто како што е заштитена и терористичката организација ПКК/ПЈД. Круговите што наводно ја промовираат како лице на умерениот ислам се обидуваат да ја скријат антидемократската, тоталитарна и терористичка природа на ФЕТО“, рече Алтун.

ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Директорот за комуникации истакна дека ФЕТО е радикална терористичка организација и дека ги користела своите „милитанти за да се инфилтрира во стратегиските институции на државите и да ја искористат националната и моралната чувствителност на земјата“.

Нагласувајќи дека е неопходно да се набљудуваат и испитаат сличните терористички организации – култови, кои се појавија низ светот за подобро да се разбере ФЕТО, Алтун рече дека „апокалиптичните верувања на овие култни терористички организации водат до катастрофални последици доколку не се преземат мерки на претпазливост“.

Алтун нагласи дека Туркије продолжува со борбата против ФЕТО „непрекинато и одлучно, не само дома туку и на меѓународната сцена“.

Тој истакна дека турското Министерство за правда побарало екстрадиција на 1.022 припадници на организацијата од 109 држави, додека турската фондација Маариф презела над 220 училишта во 19 држави од терористичката организација.

Турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) ја осигури екстрадицијата на над 100 припадници на ФЕТО во земјата, додаде Алтун.

Тој вети дека ќе продолжат напорите додека последниот припадник на ФЕТО не биде повикан на одговорност.

related_topics:
ФЕТОФахретин АлтунТуркијетерористичка организацијатероризамСимпозиумглобална борба
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Во турската област Малатија, уништена од земјотресите, секојдневно се отстрануваат остатоците од 150 згради

Во турската област Малатија, уништена од земјотресите, секојдневно се отстрануваат остатоците од 150 згради

Следно

Ердоган: Во текот на Бајрам ќе ги испорачаме првите куќи за руралните подрачја погодени од земјотресот

Ердоган: Во текот на Бајрам ќе ги испорачаме првите куќи за руралните подрачја погодени од земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ повеќе не е прашање на зголемување на Унијата, туку на нејзино зајакнување

Трамп: Иран не плаќа голем дел од својата војска

Пакистанскиот министер за внатрешни работи се сретна со американскиот амбасадор по разговорите во Техеран

Девет жители на Газа убиени во израелски оган во последните 24 часа, бројот надмина 73.400

Трамп рече дека САД размислуваат за „промена на името на езерото Онтарио во езеро Америка“

Силно невреме предизвика штети и нарушувања низ Италија

Израел го заплени центарот за обука на УНРВА во окупираниот Источен Ерусалим

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција: Продолжено е судењето за обидот за атентат на претседателот Ердоган

Турција: Продолжено е судењето за обидот за атентат на претседателот Ердоган

Боздаг: Операциите што ги спроведува МИТ му зададоа голем удар на ФЕТО

Боздаг: Операциите што ги спроведува МИТ му зададоа голем удар на ФЕТО

При влез во Сирија и Грција приведени 9 лица, меѓу нив членови на терористичките организации ФЕТО и ДЕАШ

При влез во Сирија и Грција приведени 9 лица, меѓу нив членови на терористичките организации ФЕТО и ДЕАШ

Ердоган со порака по повод турскиот национален празник Денот на победата

Ердоган со порака по повод турскиот национален празник Денот на победата

Туркије: Уште 13 бродови со жито ја напуштија Украина во рамките на договорот од Истанбул

Туркије: Уште 13 бродови со жито ја напуштија Украина во рамките на договорот од Истанбул

Филипините добија уште два нови турски хеликоптери „Атак“

Филипините добија уште два нови турски хеликоптери „Атак“

Туркије: На Моминската кула во Истанбул вратен изворниот сјај

Туркије: На Моминската кула во Истанбул вратен изворниот сјај

Ердоган: „Додека ние победуваме никој во Туркије нема да изгуби“

Ердоган: „Додека ние победуваме никој во Туркије нема да изгуби“

Ердоган: Довербата во економската стабилност на Туркије зајакна по изборите

Ердоган: Довербата во економската стабилност на Туркије зајакна по изборите

Турските вооружени сили одлучни во спречувањето на терористичките организации да го дестабилизираат регионот

Турските вооружени сили одлучни во спречувањето на терористичките организации да го дестабилизираат регионот