Seyit Şamil Kurt
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Турција денес ги осуди бомбашките напади извршени во сирискиот главен град Дамаск, јавува Анадолу.
„Ги осудуваме бомбашките напади што се случија денес (7 јули) во главниот град на Сирија, Дамаск“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува дека во Сирија нема место за насилство и тероризам.
Турција ќе продолжи да се солидаризира со сирискиот народ и да ја дава потребната поддршка за напорите за воспоставување трајна стабилност и безбедност во земјата, додадоа од Министерството.
Најмалку 18 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа повредени утринава кога две рачно изработени експлозивни направи експлодираа во близина на Министерството за туризам на Сирија во центарот на Дамаск за време на операција за нивно отстранување, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.