Yusuf Soykan Bal
13 Јули 2026•Ажурирано: 13 Јули 2026
Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, денес во Анкара оствари средба со врховниот командант на Египетските вооружени сили, министерот за одбрана и воено производство, генерал-потполковник Ашраф Салим Захир, јавува Анадолу.
Ѓулер го пречека Захир, кој е во посета на Турција како негов официјален гостин, со воена церемонија во Министерството за национална одбрана.
По интонирањето на националните химни на двете земји, Захир изврши смотра на почесната гарда.
Двајцата министри потоа одржаа разговори зад затворени врати.