Orhan Onur Gemici
01 Септември 2026•Ажурирано: 01 Септември 2026
Првата дама на Турција Емине Ердоган денес присуствуваше на културен настан организиран од првата дама на Киргистан Ајгул Жапарова во главниот град Бишкек, на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), јавува Анадолу.
На настанот присуствуваа и првата дама на Азербејџан и прва потпретседателка Мехрибан Алиева, првата дама на Кина, Пенг Лијуен, и првата дама на Узбекистан, Зироат Мирзијоева.
Сопругите на лидерите разгледаа изложба на традиционални киргистански ракотворби и проследија музички и фолклорни настапи на киргистански деца и млади.
„Со внимателно разгледување на секое дело создадено од вештите раце, откривме уникатни примери што ја одразуваат естетиката и занаетчиската умешност на киргистанската култура“, напиша Емине Ердоган на социјалните мрежи.
Таа додаде дека мелодиите изведени од децата им го разубавиле денот.