Fatih Erel
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
Англискиот клуб Манчестер Јунајтед го испрати турскиот репрезентативен голман Алтај Бајиндир на едногодишна позајмица во шпанскиот прволигаш Селта Виго, со можност за траен трансфер, јавува Анадолу.
„Селта Виго и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за позајмица на Алтај Бајиндир, која вклучува и опција за откуп“, соопшти шпанскиот клуб.
Од Селта Виго потсетија дека Бајиндир станал првиот турски фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед кога во 2023 година пристигна од Фенербахче.
Дваесет и осумгодишниот голман директно ќе отпатува во Италија, каде што ќе му се приклучи на претсезонскиот тренинг-камп на Селта Виго под водство на тренерот Клаудио Хиралдес.
Се очекува Бајиндир да настапи на пријателските натпревари на шпанскиот тим против Сасуоло и Наполи.