За мечот Сараево-Галатасарај од утре во продажба 22.000 влезници
За пријателскиот натпревар на фудбалските клубови Сараево и Галатасарај, од утре (вторник, 10-ти ноември) во продажба ќе бидат пуштени 22.000 влезници
????? ???????
09 Ноември 2015•Ажурирано: 10 Ноември 2015
Сараево
САРАЕВО (АА) - За пријателскиот натпревар на фудбалските клубови Сараево и Галатасарај, од утре (вторник, 10-ти ноември) во продажба ќе бидат пуштени 22.000 влезници, јавува Anadolu Agency (AA).
Цената на картата за вистинскиот спортски спектакл на олимпискиот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе – Кошево“ ќе изнесува 20 конвертибилни марки за западната трибина (за членовите на клубот 15КМ), за источната трибина 15КМ (т.е 10КМ), за северната – Ведран Пуљиќ, 6КМ.
Гледачите, кои мечот на актуелниот првак на БиХ со шампионот на Турција и учесник во Лигата на европски шампиони, ќе сакаат да го следат од ВИП ложата на западната трибина, за влезница ќе мора да одвојат 30 конвертибилни марки (членовите на клубот 25КМ).
Натпреварот Сараево-Галатасарај, со која „бордо“ тимот ќе започне одбележување на 70-годижнината од своето постоење, ќе се одигра во сабота, 14-ти ноември, на најголемиот стадион во БиХ, со почеток во 18.30 минути.