Kanyshai Butun
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Нејмар вчера објави дека се повлекува од репрезентацијата откако поразот на Бразил од Норвешка со 2:1 во осминафиналето на Светското првенство значеше елиминација на петкратниот светски шампион од турнирот, јавува Анадолу.
„Се обидов. Навистина се обидов. Сè започна овде на стадионот ’Метлајф‘ и овде завршувам. Сега е готово“, изјави Нејмар за новинарите по натпреварот.
По последниот судиски свиреж, 34-годишниот фудбалер во солзи падна на теренот на стадионот во Њу Џерси, каде што беше тешен од соиграчите.
Нејмар го постигна единствениот гол за Бразил од пенал во 10. минута од судиското дополнување, но тоа не беше доволно за да се спречи елиминацијата, а Норвешка првпат во својата историја се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство.
Нејмар се повлекува како најдобар стрелец во историјата на бразилската репрезентација, со 80 постигнати гола на 130 настапи. Своето деби за сениорскиот национален тим го имаше во 2010 година откако професионалната кариера ја започна во Сантос во 2009 година, а со Бразил освои златен медал на Олимписките игри во 2016 година.