Lina Altawell
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Силите на суданската армија го одбија нападот на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и сојузничкото Суданско народноослободително движење (СПЛМ) врз градот Кајсан во сојузната држава Син Нил, во близина на границата со Етиопија, соопштија властите, пренесува Анадолу.
Во соопштението, гувернерството на Кајсан наведе дека нападот бил насочен кон земјоделците за време на жетвата, нарекувајќи го „целосно воено злосторство“.
„Најостро ја осудуваме оваа криминална агресија насочена кон егзистенцијата, безбедноста и стабилноста на граѓаните“, се додава во соопштението.
Засега нема информации за евентуални жртви, а РСФ не даде веднаш коментар за извештајот.
На 10 јули суданската армија соопшти дека нејзините сили го одбиле нападот врз областите Деим Саад и Јара во гувернерството Кајсан.
Суданската армија контролира големи делови од сојузната држава Син Нил, додека СПЛМ се бори против Владата од 2011 година, барајќи автономија за регионите Јужен Кордофан и Син Нил.
Од април 2023 година РСФ води борби со суданската армија поради спорот околу интеграцијата на паравоените сили во армијата. Во конфликтот загинаа десетици илјади лица, 13 милиони беа раселени, а предизвикан е и глад во една од најтешките хуманитарни кризи во светот.