Berk Kutay Gökmen
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Најмалку 32 лица загинаа во последователни земјотреси со голема магнитуда во Венецуела, а околу 700 лица се повредени, изјави вршителката на функцијата претседател на Венецуела, Делси Родригез, јавува Анадолу.
Ова се првите бројки што ги даде таа за бројот на смртни случаи.
Сеизмолозите потврдија дека голем потрес од 7,2 степени прво се случил во близина на Општината Сан Фелипе, главниот град на државата Јаракуј. Само 40 секунди подоцна, уште покатастрофален главен потрес од 7,5 степени се случил југоисточно од Јумаре.
Главниот потрес беше најголемиот регистриран земјотрес што ја погодил Венецуела и најсилниот во последните 125 години.
Според Американскиот геолошки институт, земјотресот е регистиран на длабочина од околу 10 километри, со епицентар лоциран западно од крајбрежната заедница Морон. Големи потреси силно го потресоа главниот град Каракас, предизвикувајќи уништување на неколку згради.
Американскиот геолошки институт првично процени дека бројот на жртви би можел да достигне од 10.000 до 100.000 луѓе.
„Со примарна цел да спасат животи, властите се фокусираат на спасување на луѓето заробени во урнатите згради и домови“, рече Родригез, објави венецуелската телевизија „ТелеСУР“.
Според најновите технички податоци од Американскиот геолошки институт (USGS), северна Венецуела е силно потресена од двојна сеизмичка секвенца.