Ahmad Adil
17 Август 2026•Ажурирано: 17 Август 2026
Најмалку седум жени загинаа, а неколку лица се повредени во стампедо што се случило во храм во источната индиска сојузна држава Бихар, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил рано утринава во храмот Ашок Дхам во областа Лакисараи, откако „се проширил глас дека жица под напон паднала врз верниците“, изјави високиот цивилен службеник Шајлендра Кумар.
„Падна електричен столб и се прошири глас дека жица под напон паднала врз верниците. Тоа предизвика притисок во редицата на жените, по што жените паднаа една врз друга“, рече тој.
Кумар рече дека загинале седум верници, а точниот број на повредени лица допрва се утврдува.
Главниот министер на Бихар, Самрат Чодхари, на американската платформа за социјални медиуми X напиша дека „се издадени неопходни инструкции до администрацијата за соодветно и брзо лекување на повредените“.