Прескокни на главната содржина
  • свет

    САД: Сеуште не е завршена борбата против ДЕАШ

    Полковникот Рајан Дилон изјави дека милитантите на ДЕАШ, кои избегаа од териториите коишто ги контролира ПЈД/ПКК, преминаа на подрачјето под контрола на сирискиот режим и напредуваат кон Дамаск
    Kasım İleri
    20 Декември 2017•Ажурирано: 20 Декември 2017
    САД: Сеуште не е завршена борбата против ДЕАШ
    Washington DC

    ВАШИНГТОН (AA) - Американските власти соопштија дека сеуште не е завршена борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

    Полковникот Рајан Дилон, претставник на американската коалиција за борба против терористите на ДЕАШ изјави дека милитантите на ДЕАШ, кои избегаа од териториите коишто ги контролира ПЈД/ПКК, преминаа на подрачјето под контрола на сирискиот режим и напредуваат кон Дамаск.

    „ДЕАШ во (Сирија и Ирак) речиси во потполност ја загуби територијата која некогаш ја контролираше, но тоа не значи дека оваа борба е завршена", рече Дилон во обраќањето во Пентагон преку видеолинк.

    Додаде дека оваа терористичка организација, како што рече, многу лесно се прилагодува на новонастанатите услови на теренот.

    На крајот истакна дека сепак не се точни тврдењата дека ДЕАШ во Сирија е победен.

    „ДЕАШ и понатаму претставува закана. Не само во Ирак и Сирија, туку во целиот свет", рече Дилон.

    related_topics:
    САДДЕАШборби
    news_share

    news_share_descriptionsubscription_contact

    subscription

    contact_the_ombudsman

    is_there_an_error_in_this_story

    ombudsman_apply_button