James Tasamba
17 Август 2026•Ажурирано: 17 Август 2026
Во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго од мај досега починале 2.325 лица, покажуваат официјалните податоци објавени вчера, со што бројот на жртви ја надмина смртноста во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносна во историјата на земјата, јавува Анадолу.
Според најновите податоци на Министерството за здравство, од прогласувањето на епидемијата на средината на мај, бројот на потврдени случаи достигна 4.945, а пријавени се и 2.325 смртни случаи.
Во епидемијата од 2018 до 2020 година во Конго починаа 2.299 лица, главно, во источните провинции Северно Киву и Итури, пред да биде прогласено дека е завршена на 25 јуни 2020 година.
Во најновата епидемија зафатени се шест провинции: Горен Уеле, Итури, Северно Киву, Јужно Киву, Долно Уеле и Чопо.
Регионот Итури и натаму е епицентар на епидемијата предизвикана од сојот на вирусот бундибуџо, каде што продолжува континуираното пренесување на заразата.
Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Том Флечер, минатата недела изјави дека епидемијата сега одзема по еден живот на секои 30 минути.
Според Светската здравствена организација, ова е најбрзо растечка епидемија што досега е забележана.
Досега не е одобрена ниедна вакцина или специфичен третман против вирусот бундибуџо.