Saadet Gökce
10 Август 2026•Ажурирано: 10 Август 2026
Најмалку 12 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати на Филипини до утринава во поплавите и одроните предизвикани од комбинираното влијание на југозападниот монсун и тропските циклони „Куџира“ и „Долфин“, јавува Анадолу.
Помошникот државен секретар во Канцеларијата за цивилна одбрана, Лоренс Мина, изјави дека во непогодите се повредени и 11 лица, објави „Филипин дејли инквајрер“.
Тој наведе дека меѓу пријавените причини за смрт се одрони на земјиште и карпи, паднати дрвја, струен удар и давење.
Според „ГМА њуз онлајн“, речиси 586.000 лица се погодени од последиците на непогодите во девет региони и 33 провинции.
Вкупно 4.866 лица превентивно биле евакуирани во регионите I, III, Калабарзон и Мимаропа.
Повеќе од 32.800 лица се раселени и моментно се наоѓаат во евакуациски центри или кај роднини.