Burak Bir
08 Септември 2026•Ажурирано: 08 Септември 2026
Повикувајќи се на постоењето на „етничко чистење на Палестинците“, Велика Британија ќе воведе забрана на трговија со стоки од нелегалните израелски населби на окупираниот Западен Брег, објави денес министерот за надворешни работи на земјата, јавува Анадолу.
Во обраќањето пред пратениците во Долниот дом, Ед Милибанд рече дека денешниот ден го означува „почетокот на нов пристап“ кон Израел, најавувајќи дека Велика Британија ќе воведе забрана за увоз на стоки од нелегалните населби.
Денешните мерки „претставуваат јасна порака“ и до израелската Влада и до Палестинците дека „нема да се согласиме со уништувањето на дводржавното решение“, рече тој.
Покрај официјалната државна политика на Израел, „раширен е и тероризмот на доселениците“, истакна тој, додавајќи дека Велика Британија ќе воведе санкции против нова група екстремистички доселеници на Западниот Брег „кои поддржувале или поттикнувале акти на насилство“ против Палестинците.
Милибанд нагласи дека оние кои ги финансираат или овозможуваат нелегалните населби на Западниот Брег „ќе се соочат со целосната сила на британските санкции“.
Тој додаде дека Велика Британија ќе преземе мерки против „одредени компании и поединци“ кои обезбедуваат услуги и финансирање за проширување на нелегалните израелски населби.
Милибанд рече дека британската Влада признава дека постои „етничко чистење на Палестинците“ на окупираниот Западен Брег, извршено од израелски „доселеници-терористи“.
За време на своето обраќање, тој исто така потврди дека постојната британско суспендирање на 30 лиценци за извоз на оружје за Израел ќе остане „целосно во сила“.