Serdar Dincel
06 Август 2026•Ажурирано: 06 Август 2026
Израелската армија вчера испукала 113 проектили кон Јужен Либан, што е најголем број проектили испукани во еден ден од 21 јуни наваму, соопштија Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), пренесува Анадолу.
„Иако нивото на насилство е значително пониско отколку во претходните месеци, целокупната ситуација и натаму е кревка“, соопшти УНИФИЛ на американската платформа за социјални медиуми Х.
„Мировниците продолжуваат да ги следат случувањата и да го известуваат Советот за безбедност, да го одржуваат своето оперативно темпо и да комуницираат со страните, со цел да придонесат за намалување на тензиите“, се додава во соопштението.
УНИФИЛ нагласи дека почитувањето на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации, заедно со дијалогот и координацијата, остануваат од суштинско значење за деескалацијата и обновувањето на стабилноста во Јужен Либан.
Соопштението беше објавено во време кога во Рим продолжуваат разговорите меѓу Либан и Израел, со посредство на САД, за механизмите за спроведување на договорот за прекин на огнот.
Израел продолжува со воените операции во Либан од 2 март.
Според либанското Министерство за здравство, досега во нападите загинале 4.333 лица, а 12.250 биле повредени.