Halit Süleyman
01 Февруари 2016•Ажурирано: 02 Февруари 2016
АЛЕПО (AA) - Во 20 воздушни напади на руските авиони во местото Андан, на северот на сирискиот град Алепо, кој се наоѓа под контрола на опозицијата загинаа четири цивили а ранети се 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на новинарот на АА, покрај човечките жртви, причинета е и материјална штета на стамбените објекти.
Мухамед Кураб, активист во Анадан, рече дека порано и загинатите ги извлекувале под урнатините на објектите. Тој додаде дека продолжуваат руските воздушни интервенции на северот на Алепо, поради што населението се плаши да излезе надвор.
Руските воздушни сили изведуваат напади во Сирија од крајот на септември минатата година. Иако акциите се најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските авиони гаѓаат упориштата на умерената сириска опозиија во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо. Мети на руските напади се и цивилните населби, но и хуманитарните коридори кои им доставуваат помош на цивилите.