Furkan Abdula
11 Мај 2018•Ажурирано: 12 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Универзитетот на Здравствени науки во Турција, во соработка со Министерството за здравство на Македонија, денес се одржа церемонија на доделување на сертификати за завршената обука „Реанимација, транспорт и ретинопатија кај новороденче“, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа обука учествуваа 30 здравствени работници од детските клиники во Скопје, Тетово и Гостивар, во која експерти од Турција ги пренесоа своите знаења и искуства во оваа област.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, изјави дека тие како ТИКА реализирале над 800 проекти во разни области, во Македонија, од кои истакна дека проектите од областа на образованието и здравството имаат особено значење за нив.

Ајден нагласи дека преку активностите поврзани со Детската клиника во Скопје имаат за цел намалување на смртите случаи кај новороденчињата во Македонија. „Ако сакате да дадете придонес во иднината на Македонија, треба да обезбедите една здрава и спокојна средина за децата и младите, истовремено да обезбедите образование“, додаде тој.
Според него, со овие активности кои ги спроведуваат во областа на здравството во Македонија, се трудат да вложат придонес во развојот на поздрави генерации и намалување на проблемите. „Сè додека Република Турција е моќна ние ќе продолжиме со реализирање на овие проекти“, рече Ајден, изразувајќи желба за зголемување на проектите во областа на образованието и здравството.
Државниот секретар на Министерството за здравство на Р. Македонија, д-р Владимир Милошев, во негово име и во име на Министерството за здравство упати честитки за успешно завршената обука.

„Оваа обука е фокусирана на транспортот на новороденчињата и ретинопатијата кај предвремено родените бебиња, и очекуваме дека значително ќе придонесе кон зајакнување на овие капацитети во сите родилишта во државата“, нагласи тој, потсетувајќи дека ТИКА донирала две нови возила со комплетна опрема за транспорт на пациенти во болницата во Гостивар.
„Сакам да изразам посебна благодарност до ТИКА која и понатаму останува стратешки партнер на Министерството за здравство во областа на здравствената заштита на сите граѓани“, додаде Милошев.

Проф. д-р Ѓунер Каратекин, која учествуваше како обучувач во оваа програма, даде инфрмации околу одржаната обука, и рече дека во овие рамки имале практичен и теоретски дел, како и испити.
„Во светот секоја година се раѓаат 130 милиони новороденчиња. Од нив, во првиот ден на животот умираат 2.5 милиони. Тоа значи поголем број од жителите на Македонија умираат секој ден“, рече таа.
На оваа обука учествуваа 30 здравствени работници, од кои 7 од Гостивар, 4 од Тетово и 23 од Скопје.