Melike Kınacı
07 Мај 2016•Ажурирано: 07 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу отпатува во сабота наутро во Босна и Херцеговина за да присуствува на свеченото отворање на Ферхат пашината џамија во Бања Лука, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу од аеродромот Есенбог во Анкара го испратија заменик премиерот Мехмет Шимшек, гувернерот на Анкара Мехмет Килиџлар и директорот на полицијата во Анкара Махмут Карааслан.
Во придружба на Давутоглу се сопругата Саре Давутоглу и замениците премиери Јалчин Акдоган, Лутфи Елван и Тургул Туркес.
Давутоглу во сабота на 7 мај ќе присуствува на отворањето на обновената џамија Ферхадија која е обновена во поголем дел со донација на Турската агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА) .
Истиот ден Давутоглу би требало да се врати во Турција.
Фердхадија е изградена од страна на Ферхад-паша Соколовиќ во 1579 година. На почетокот на војната во БиХ на 7 мај 1993 година минирана е и во потполност урната а теренот на кој се наоѓаше срамнет е со намера да се тргне секоја траг од оваа градба. Ферхадија претставуваше една од најуспешните архитектонски градби на босанската архитектура во време на Османлиите во 16 век, а 1950 година сврстена е во културната наследство на Босна и Херцеговина, потоа и на листата на спомениците на светското наследство при УНЕСКО.
Беше една од 16 џамии урнати во Бања Лука во текот на војната од 1992 до 1995 година. Денот на рушење на Ферхадија, 7 мај во Босна и Херцеговина е прогласен за Денот на џамиите.