Furkan Naci Top
23 Мај 2016•Ажурирано: 23 Мај 2016
АТИНА (АА) - Од утре ќе започне празнење на бегалскиот камп во Идомени, кој се наоѓа во близина на грчко-макдонската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од грчките власти, се дознава дека Грција има за цел во наредните неколку дена да го испразни кампот и бегалците да бидат префрлени во други кампови во сеерниот дел од државата. Одговорните изјавија дека во процесот на трансфер нема за применуваат насилство и сила.
Одговорните истакнаа дека Бегалците од кампот се информирани во врска со трансферот.
На влезот од зоната се преземаат обемни мерки на безбедност, бидејќи таa се наоѓа во близината на границата, која е под воена контрола.
Околу 9.000 бегалци кои се сместени во бегалскиот камп во Идомени, три месеци се борат за опстанок под тешки услови за живот, откако балканските земји ги затворија границите.