Stipe Majic
01 Мај 2021•Ажурирано: 02 Мај 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.046 новозаразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), додека од последици на заразеност со овој вирус животот го загубија 49 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека бројката на активни случаи на коронавирус во Хрватска изнесува 14.276. Меѓу нив 2.210 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, од кои 246 се врзани на респиратор.
Последното деноноќие починаа 49 лица од последици предизвикани од заразеност со коронавирус.
„Почнувајќи од 25 февруари 2020, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега, регистрирани се 334.229 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 7.130 лица. Досега во Хрватска оздравеа 312.823 заразени, од кои 2.228 во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска.
Во самоизолација се наоѓаат 34.826 заразени. Досега во Хрватска се тестирани вкупно 1.814.505 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 10.318 во последните 24 часа.
Заклучно со 30. април, во Хрватска се употребени се 901.120 дози на вакцини.