Elena Trenchevska Chekovic
08 Октомври 2026•Ажурирано: 08 Октомври 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес учествува на Меѓународната конференција за Коридорот 8 во Софија, каде што говореше на панелот на високо ниво посветен на неговото геостратегиско значење, пренесува Анадолу.
Муцунски преку објава на американската платформа за социјални мрежи Х порача дека Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, нагласувајќи дека тој ги поврзува Јадранското и Црното Море, Европската Унија и Западниот Балкан, како и економиите и безбедносните интереси на земјите.
Тој ја нагласи потребата од конкретни резултати, координирана имплементација и видлив напредок по должината на целата траса.
Муцунски ја потврди и посветеноста на Северна Македонија да го исполни својот дел од обврските за забрзување на завршувањето на Коридорот 8.
„Посветени сме на исполнување на нашиот дел и на соработката со Бугарија, Албанија и европските партнери за забрзување на завршувањето на Коридорот 8“, наведе тој.