Shpetim Hiseni
16 Септември 2026•Ажурирано: 16 Септември 2026
Министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук Коњуфца, пред зградата на Специјализираните совети во Хаг изјави дека очекува ослободителна пресуда за четворицата поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесува Анадолу.
Коњуфца рече дека војната на ОВК била неопходна одбранбена војна со цел да се обезбеди слободата на народот на Косово.
„Оваа пресуда е ослободителна пресуда за четворицата поранешни лидери на ОВК. Нашата војна беше неопходна одбранбена војна и имаше една цел, слободата на нашиот народ и запирање на геноцидот што во тоа време го вршеа воените, полициските и паравоените сили на Србија“, рече Коњуфца.
Тој рече дека ова не е само уверување на народот на Косово, туку дека во текот на судскиот процес тоа го докажале и познати меѓународни личности.
„Од американскиот генерал на НАТО, Весли Кларк, па сè до американскиот заменик-државен секретар, десетици меѓународни личности сведочеа за праведната одбранбена војна на народот на Косово“, рече Коњуфца.
Денеска во Специјализираните совети во Хаг се очекува изрекувањето на пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се соочуваат со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.