Dzihat Aliju
17 Август 2026•Ажурирано: 17 Август 2026
Во последните 24 часа во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесува Анадолу.
Според ЦУК, активни пожари има на неколку локации во Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково.
Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во Општина Крушево и на депонијата во Кратово.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници вчера уапсиле битолчанец за предизвикување пожар.
Од МВР посочуваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна екипа од Битола, а нема повредени лица.
Екипа од СВР Битола извршила увид и по целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.