Dzihat Aliju
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Во Скопје е отворена изложбата „Аја Софија - Светлината на тишината“, јавува Анадолу.
Во рамките на 47. фестивал „Скопско лето“, со поддршка од Институтот „Јунус Емре“ (YEE) во Скопје, во Сули-ан, ан од османлискиот период, се одржа свечено отворање на изложбата, на кое присуствуваа претставници на турски и локални институции и организации во земјата, како и љубители на уметноста.
Директорот на YEE во Скопје, Јунус Дилбер, во обраќањето рече дека на оваа изложба може да се видат сите детали и архитектонски карактеристики на Аја Софија, едно од најзначајните културни наследства во светот.
Потсетувајќи дека изложбата претходно била организирана во Белград и Загреб, Дилбер рече: „Како Институт 'Јунус Емре' ќе продолжиме да го претставуваме културното наследство на Турција пред светот и да работиме на тоа.“
Директорката на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Василија Чали, се заблагодари за учеството на фестивалот.
„Оваа изложба е во соработка со нашите драги пријатели од турскиот културен центар 'Јунус Емре'. Значи ова пригода ја користам да им се заблагодарам на директорот и сите негови соработници и посакувам и понатаму да имаме и други успешни соработки“, рече таа.
На изложбата се претставени фотографии од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмед Озчај, а три дена ќе биде отворена за љубителите на уметноста.
Во рамките на изложбата настапи и групата „Макам Трио“.
Ова 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, во чии рамки се организираат различни активности, ќе заврши на 30 јули.